Аферата „Рекет“ зема нови димензии кои имплицираат вмешаност на разузнавачките служби во рекетот и нивна злоупотреба за прибавување на милионски суми финансиска корист, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на дел од медиумите кои изминатите денови пренесуваат дека македонски бизнисмен бил уценуван со компромитичарчки снимки кои потекнуваат од разузнавачките служби.

– Од бизнисменот преку Меѓународниот сојуз на Боки 13 биле изнудени стотици илјади евра, а компромитирачките материјали се наоѓале во телефонот на рекетарот. Ова е уште еден доказ  кој потврдува дека аферата „Рекет“ е најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија – истакнуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Никој во Македонија, додава опозициската партија, не верува дека Зоран Заев не знаел за рекетот, дека истиот не се одвивал со негово аминување и дека тој не инволвиран во рекетирање на македонски бизнисмени, политичари, граѓани.

– Човекот кој е три пати амнестиран е главана на криминалниот октопод кој изнуди повеќе од 20 милиони евра. Катица Јанева, Боки 13, Кики Фрики и останатите се само пипците – нагласува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според партијата, „Русковска и Јовевски сакаат со апсње на неколкмина, да ја оневозможат истрагата која никако не смее да стигне до главата на октоподот“.