Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека од исходот на средбата што вечерва ќе се случи помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе зависи кога ќе се одржи седницата за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева.
– Доколку има договор, седниците би можеле да бидат закажани уште утре. Ќе почекаме да видиме како ќе завршат разговорите, а од утре натаму не е спорно во кој било момент ќе се одржи седница за разрешување на Јанева – вели Џафери.
Тој, сепак, пред новинарите истакна дека мора да се почитува рокот до 15 септември за разрешувањето на Јанева.