Полициски службеници, по претходно добиени оперативни сознанија за извршено кривично дело „незаконит лов“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, врз основа на судска наредба, денеска извршија претрес на дом и помошни простории кај лицата И.Б.(65), М.Б.(37) и С.Б.(33) во с. Долно Крушје, општина Македонски Брод.
При претресот биле пронајдени и одземени поголема количина месо од уловен дивеч, ловечки пушки и повеќе парчиња муниција
Исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот и помошните простории на лицето Б.Б.(80), а се во владение на неговиот син Д.Б.(53) во с.Долно Крушје, Општина Македонски Брод, каде биле пронајдени и одземени ловечка пушка, поголема количина месо од уловен дивеч и 42 парчиња патрони за ловечка пушка.
Приведени биле М.Б.(37) и С.Б.(33). По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.