По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против гостиварецот кој со секира ја уби својата сопруга. Тој ќе одговара за свирепо убиство со умирла.
– На 9.9.2020 година, обвинетиот 67-годишник, при вршење семејно насилство во својот дом во Гостивар, на свиреп начин со умисла ја лишил од живот својата сопруга. Двајцата сопружници подолг период имале меѓусебни расправии, а на критичниот ден тој со секира во рацете влегол во дневната соба, каде што седела сопругата, и ѝ задал неколку удари со сечилото во пределот на главата. Потоа го зел ножот од кујната, па се вратил и ѝ задал неколку убоди во стомакот. Веднаш потоа обвинетиот излегол од куќата и со велосипед го напуштил местото – се наведува во соопштението на Обвинителството.
Јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице имајќи ги предвид околностите што упатуваат на опасност од бегство и можност тој да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и вештаците.