Фото: Менде Младеновски

Битола попладнево ја зафати голем пожар, кој по својата големина потсетува на
катастрофалниот пожар кој ја зафати Битола во 2017 година, кога изгореа стотици хекатри шума.

Пожарот се јави над обиколницата, на патот за Ресен и Охрид кај месноста
Кркардаш и Германски гробишта.

По пожарот градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во
целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите се на терен. Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.

При гаснењето на пожарот повреден е еден пожарникар кој доби опекотини на грбот и рацете и е пренесен во клиничката болница Битола.
Инаку гори нискостеблеста и борова шума.