Фото: МИА / Илустрација

Голем пожар на воениот полигон Криволак, во општина Неготино, беснее од ноќеска, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Стапено е во контакт со воениот полигон и добивме известување дека е појавен пожар на стариот полигон на непристапен терен. Точното време на појавување не е познато, се смета дека е најверојато во ноќните часови. За пожарот известени биле надредените во АРМ и е побарано интервенција со хелихоптер и заради непристапниот терен и зашто е од поголем обем. Засега нема интервенција затоа што не можат да пристапат до теренот информираат од ЦУК.