Елеганција и умешност на слетување на Емил Новевски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА

Фотографијата Елеганција и умешност на слетување на Емил Новевски е изборот на „Нова Македонија“ за фотографија за оваа недела.
Направена е на Водно, Скопје.
– Модроглавата сипка е препознатлив жител во парковите и планините низ Македонија, а со својата убавина која зрачи од силно изразените жолти и сини перја е дефинитивно една од моите омилени птици за набљудување и фотографирање – вели Новевски.

Утре ќе биде отпечатена на цела страница во печатеното издание на „Нова Македонија“.

📸 „Нова Македонија“ секоја недела избира фотографија на неделата 👇
📇 Фотографијата секој вторник, на цела страница, ќе се објавува во печатеното издание и на веб-страницата на „Нова Македонија“.
➡ Вашите авторски фотографии може да ги испраќате на [email protected]
➡ Насловот на мејлот треба да биде ЗА ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА.
➡ Фотографијата треба да е со димензии 2.000 x 3.000 пиксели (ориентација портрет) и тешка до 3 мегабајти.
➡ Во мејлот треба да напишете име и презиме, наслов на фотографијата и краток опис, кои ќе бидат објавени заедно со фотографијата.
➡ Во мејлот треба да наведете и дека сте согласни да се објави фотографијата, доколку биде избрана