Фото: З.А.

По повод Меѓународниот ден на децата 1-ви јуни,учениците од 1-во одделение во ОУ„ К.Ј.Питу Кичево“, денес имаа можност да се запознаат со основните поими поврзани со животот на село,развојот на селските средини и производство на чиста и здрава храна.

Предавањето го реализираше Рурална коалиција во соработка со основното училиште а се со цел уште од најмала возраст децата да се запознаат со условите и начинот на живот во селата и руралните средини и да добијат јасна слика за потребата од нивно зачувување како и потребата од производство од чиста и здрава храна за кое нашето поднебје нуди идеални услови.

Во текот на предавањето извршната директорка на Рурална коалиција,Лиљана Јоноски ги спомена и различните занаети кои што можат да се равиваат и негуваат во руралните средини како што е грнчарството,производство и преработка на земјоделски производи(овошје и зеленчук), но и производство на ајвар,слатко,џем кои се особено омилени кај децата.

Фото: З.А.

Јоноски се осврна и на сите активности кои што може да се практикуваат во селата и во природата како и на подготовката на традиционалните јадења од страна на нашите баби што пак е главната асоцијација за нашите рурални средини.

-Сакавме да направиме еден спој помеѓу она што ние го работиме како Рурална Коалиција и децата,како еден од најначајните фактори за развој на нашата земја ,и се одлучивме по повод денот на детето да проговориме и за правата на децата, како од најмали нозе да им ја зајакнеме свеста во делот на нивното учество во понатамошниот развој. Денеска имавме едукативно предавање каде се говореше за традиционалните обичаи, носиите, грнчарството и како посебен дел ќе ја ставиме храната – рече Јоноски.

Децата имаа можност да цртаат и бојат на теми поврзани со животот на село, да се запознаат и со сите видови домашни животни кои што се одгледуваат на село но и да вкусат дел од производите, кои што се произведуваат од вредните раце на жителите од овие села.

Фото: З.А.

Едукативното предавање е една од активностите кои што основното училиште и Рурална коалиција ги реализираат заедно во рамките на потпишаниот меморандум за соработка.

З.А.