Фото: Пиксабеј

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 25.07.2024 година, регистрираше два земјотреси чии епицентри припаѓаат на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 125 километри југоисточно од Скопје. Првиот земјотрес се случи во 18 часот и 28 минути и е со измерена Рихтерова локална магнитуда 3.6, додека вториот во 18 часот и 30 минути е со локална Рихтерова магнитуда 2.9.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,  првиот земјотрес почувствуван е од населението во градовите Берово, Делчево и околината, со интензитет од 3-4 степени според Европската макросеизмичка скала, додека вториот три степени според истата скала.