Делегацијата на СДСМ денеска положи цвеќе на споменикот во месноста Карпалак, по повод 21-годишнината од загинувањето на десеттмина армиски резервисти.
Делегацијата на СДСМ беше предводена од претседателот на ОО СДСМ Тетово, Живе Алексовски.
Во 2001 година на денешен ден кај месноста Карпалак загинаа: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.