фото: МИА

По повод  верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите и винарите и Свети Валентин – Меѓународниот ден на вљубените, денеска се одржаа Дебармаалските средби и серенади.

Оваа манифестација со 20-годишна традиција е во организација на уметникот Живко Поповски – Цветин.

Со пет балони беше пуштена порака за мир и љубов и за решавање на проблемите без закани, туку со разбирање и мирољубиво. Традиционално имаше погача, торта, а беше засадена лозница крај кафеаната „Кај Жабарот“ во Дебар Маало.

Во поетската програма поезија читаа Лидија Јеремиќ-Лучко, Мендо Димовски, Ѓорѓи Ѓоргиевски, Илко Димитриевски, Љубиша Николиќ, Жаклина Димовска и Тања Стоилковска.

Писателот и поет Мендо Димовски искажа здравица и порача сите во светот да живеат среќно, безгрижно, да бидат здрави и да шират љубов, мир и слобода.

На овие средби учествуваа и уметниците Љупчо Ангелов – гитара, Верица Ристевска, Вики Среброва, Круме Спасовски, Атина Апостолова и Серафина Фантаузо.