Во периодот од 10.02. до 13.02.2022 припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид. Извршено е патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела.

Како резултат на преземените мерки и активности, соопштија денеска од МВР, од водите на езерото се пронајдени и извадени осум рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри.

Пронајдените и одземените мрежи се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.