Ниво на врнежи и температурни разлики во Македонија, кои ќе бидат во интервал од 12 до 22 степена

Од денеска, четврток (31 март), па натаму, под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и проследени со појава на грмежи. Во врнежливиот период што ни претстои можна е и појава на еден невообичаен метеоролошки феномен за овие простори – таканаречените црвени дождови. Експертите ја поврзуваат појавата на црвените дождови со песокот од Сахара и струењето на ветровите. Но колку тие може да бидат и опасност по здравјето на луѓето?

КАКВО ВРЕМЕ НЀ ОЧЕКУВА ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД

Априлската временска прогноза за регионот и за Македонија предвидува значително дождовен период, во голема мера типичен за пролетните месеци. Од денеска, четврток (31 март), па натаму, под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поинтензивни и проследени со појава на грмежи. Ќе започне да дува и засилен до силен ветер од јужен правец. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бидат пролетно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

Во врнежливиот период што ни претстои можна е и појава на еден невообичаен метеоролошки феномен за овие простори – црвените дождови. Експертите ја поврзуваат појавата на црвените дождови со песокот од Сахара. Тоа е природен феномен, кој често се појавува напролет и наесен, а можно е да го видиме неколкупати годишно. Јужното и југозападно струење, кое доаѓа од северот на Африка, носи сахарски песок во средните и повисоките слоеви на тропосферата, под влијание на млазната струја или силен ветер. Кога доаѓа до кондензација на водената пареа, овие честички се излачуваат преку дождот, а тоа најчесто е забележливо на автомобилите, облеката, балконите, терасите, прозорците… Иако навидум е валкан, жолт или црвен, овој феномен се нарекува дури и сончев ветар.

Експертските мислења се поделени за опасноста по здравјето да се биде надвор додека паѓа црвениот дожд. Некои предупредуваат на опасност, земајќи ги предвид примерите на торнадата и ураганите, кои претставуваат најопасни песочни луњи и најопасни природни појави, особено што носат честички од железо. Но од оние со помал интензитет се смета дека нема опасност, односно дека црвениот дожд или сончевиот ветер се природни феномени и во таа смисла не се опасни за човековото здравје. Сонцето ги испраќа на земјата сите хемиски елементи. Честичките од овој песок се ситни, микронски, а нивната големина е меѓу 5 и 10 микрометри, а во себе можат да содржат и железо.

Фото: Игор Бансколиев