Аутомакедонија, една од водечките компании за услуги поврзани со мобилетот и еден од најголемите дистрибутери на автомобили во Македонија, направи уште една донација со која ја зацврстува титулата на општествено одговорна компанија.
По своја иницијатива и темелно планирање на овој проект од страна на Аутомакедонија, основното училиште Стив Наумов во Автокоманда доби нова енергетски ефикасна фасада. На веќе постоечки ѕид е додадена изолација која ја зголемува топлотната изолација со што се добива енергетска заштеда.

-Истражувајќи ги потребите на училиштата во нашата општина, дојдовме до идејата за обнова на фасадата во ООУ „Стив Наумов“. Во договор со општината во која се наоѓа нашиот објект – Автокоманда, заеднички го избравме основното училиште „Стив Наумов“. Примопредавањето на фасадата го усогласивме со почетокот на училишната година, а ќе го продолжиме со уште еден мурал кој ќе биде избран преку ликовен конкурс со цртежи од учениците – изјави Гордица Штерјева, заменик директор на Аутомакедонија.

-Како градоначалник на општина Гази Баба изразувам благодарност до компанијата Аутомакедонија за покажаната општествена одговорност преку донацијата на изградбата на енергетски – ефикасната фасада на општинското основно училиште Стив Наумов во Автокоманда. Како локална самоуправа негуваме партнерски однос со компаниите кои функционираат на нашата територија. Наша обврска како локална самоуправа е да изнаоѓаме различни начини на финансирање со цел реализација на што повеќе проекти – изјави градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

Со сите чекори за обнова на фасадата објектот добива минимално 20% зголемена енергетска ефикасност, што воедно ќе придонесе и за намалување на вкупните трошоци за енергија на училиштето.
Реновирањето на оваа фасада е само еден дел од активностите кои Аутомакедонија како општествено одговорна компанија ги спроведува во рамки на својата стратешка определба за поддршка на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија.

(Комерцијална објава)