Македонска претставничка на „Евровизија 2022“ е Андреа Коевска со песната „Circles”. Автор на музика е Александар Масевски, а текстот го напишаа заедно тој и Андреа .

Гласовите се збир од гласањето на публиката и на стручно меѓународно жири во сооднос 50:50. Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, своите гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Израел, Грузија, Исланд и од Ерменија.

Најмногу гласови од стручното меѓународно жири доби Андреа, додека пак најмногу гласови од публиката, вкупно 30.756 доби песната „Supermen“ во изведба на Виктор Апостоловски, и на музика на Владимир Дојчиновски.

На крајот на глазањето Виктор и Андреа имаа ист број поени – 20, но според евровизиските пропозции во тој случај, победник е кандидатот со најмнмгу бодови од стручното жири.

На трето место заврши Кали со „LOVE AND LIGHT“, четврта беше Лара која ја испеа „FLOWER OF SORROW”, Јон Ајди со „DREAMS” е петти, а Рис Флаер со песната „FLYING TO BERLIN” се пласираше на шестото место.

Резултатите од гласањето беа соопштени во специјалното издание на емисијата „Стисни плеј“ на МРТ, која е носител на лиценцата за овој избор.

Македонија настапува во вториот дел на втората полуфинална вечер на 12 мај, кога Андреа ќе запее на евровизиската сцена во Торино, Италија.  М.Т