Денот на Русија утре ќе се прослави во виртуелниот простор, известуваат од Амбасадата на Руската федерација. Публиката ќе може да ужива во онлајн-концерт на руските артисти, кои претходно настапуваа пред македонската публика со изведба на хорска, естрадна, класична музика.

На фејсбук-страница на амбасадата е отворена онлајн-изложба „Објекти на Светското културно и природни наследство на УНЕСКО во Русија”. Исто така на фејсбук-страницата објавивен е детски награден ликовен конкурс „Русија преку очите на децата”, кој ќе трае до 30 јуни.

Денот на Русија се одбележува секоја година, почнувајќи од 1990 година, кога беше усвоена Декларацијата за државниот суверенитет на Русија. На 12 јуни 2001 година, зборувајќи по повод  празникот, Претседателот Владимир Путин истакна дека „од овој документ започнува нашата нова историја, историја на демократска држава втемелена врз граѓанските слободи и владеењето на законот.“

Празникот ја симболизира заедничката судбина на народите од различна етничка и верска припадност, кои во мир и хармонија со векови живеат во Русија.

– Русија е свесна за својата особена одговорност за судбината на нашата планета. Ние настојуваме да ја промовираме обединувачката агенда која е насочена кон идинината, да играме активна и конструктивна улога за зацврстување на мирот, на глобалната и регионалната безбедност и стабилност – велат од Амбасадата на Руската федерација.

По повод Денот на Русија, во самата земја, но и пошироко, традиционално се одржуваат стотици свечености, како што се многубројни концерти, изложби, приеми, презентации, огномети. Оваа година поради епидемиолошката ситуација манифестациите ќе се одржат онлајн.

На 12 јуни претседателот Путин ќе има видеообраќање, кое ќе се пренесува и од амбасадата преку социјалните мрежи.