Фото: Игор Бансколиев

Меѓународен симпозиум

„Културно-историското минато на Кратово и Кратовско“ е насловен Меѓународниот симпозиум што се одржа во Кратово, а на кој присуствуваа бројни гости од земјава и од надвор. Сите нови сознанија до кои дошле еминентни научно-истражувачки дејци, а кои беа презентирани, ќе бидат собрани и објавени во зборник. Присутните ги поздрави м-р Илија Митевски, директорот на Музеј на Град Кратово и идеен творец.

– На овој прв Симпозиум за културното минато на Кратово и Кратовско за првпат ќе ги презентираме најновите сознанија до кои дошле научно-истражувачки дејци од областа на историјата, архитектурата, културата и уметноста. Овие трудови ќе бидат објавени во зборник за напишаното да остане трајно и да се збогати културното наследство на Кратово, градот кој станува своевидна туристичка атракција. Авторот Илија Митевски, идеен творец на сето ова и директор на Музејот во Кратово, длабоко нѐ нурнува во историското минато – рече Благојка Филипчева, модератор на настанот, инаку просветна работничка во пензија, поетеса и писателка, која зборуваше на тема „Кратово во срце те носам“. С.К.