фото: Фејсбук

Бугарскиот интерес мора да се заштити, но и да се надградува со сите можности. На сите ни е потребна заедничка железничка линија, сите треба да имаме заеднички бизниси, сите треба да сакаме да имаме заеднички културен календар. Ова го изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков во Брисел.

Петков кажа и дека сака да се сретне со новиот премиер на Македонија по преземањето на функцијата.

Првиот човек на бугарската влада уште еднаш ја истакна важноста од формирањето на работни групи кои ќе се состануваат секој месец.  Во интервју за Бугарската национална телевизија, Петков појасни  дека станува збор за  дополнителни работни групи за економија, инфраструктура, култура, во однос на мерките и политиките за влез и помош, капацитетот на Македонија со цел тие да успеат на направат чекор напред кон влезот во ЕУ.

Тој повтори дека Владата си задала рок од шест месеци за решавање на спорот.