Фото: Игор Бансколиев

Кризната состојба на целата територија на Македонија во траење од 30 дена, прогласена од страна на владата на на предлог на Советот за безбедност, и овозможува на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук.

Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

– Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и за полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата и се крајно исцрпени – напиша Пендаровски.