Фото: Маја Јаневска-Илиева

Податоците и оценките за учениците во основното и во средното образование од септември ќе се внесуваат исклучиво во електронски дневници, соопшти Бирото за развој на образованието.

Вкупно 25 илјади ќе ја водат електронската евиденција во која спаѓаат оценките, изостаноците и информации за активностите на учениците.

Наставниците извесно време бараа да бидат ослободени од водење двојна евиденција, но дел од нив посочија и можни проблеми бидејќи во сите училишта нема интернет.

Министерството за образование и наука соопшти дека е подготвено за почнување на новата година и во услови на пандемија.