На редовната 129 седница на македонската влада, била донесена одлука за преименување на скопскиот стадион во Национална арена „Тоше Проески“, напиша на Твитер портпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Преименувањето на арената е во чест на Тоше Проевски, личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.