Фото: Маја Јаневска-Илиева

Оваа учебна година, за полагање државна матура се пријавиле 15.294 матуранти. Од нив 7.050 од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование
Денеска учениците полагаа мајчин јазик, како еден од двата задолжителни екстерни испити.

Денеска учениците полагаа мајчин јазик, како еден од двата задолжителни екстерни испити.
На влез во училиштето ,,Орце Николов”, на секој ученик му беше измерена телесната температура, а при влез во училницата секој од нив мораше да прикаже документ за идентификација. На оние ученици кои заборавиле да донесат, им беше дозволено а полагаат, но под услов родителот да дојде да им донесе документ.

Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење, учениците екстерно полагаат 2 предмети, 2 интерно и проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик.

На 5 јуни ќе се полага задолжителниот предмет. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10848 кандидати, албански јазик и литература 4078, а 272 турски јазик и литература. На 11 јуни ќе се полага англиски јазик, германски јазик, француски јази, руски јазик, математика, естетика и филозофија. Англиски јазик пријавени се да полагаат 13.452 матуранти, германски јазик 140, француски јазик 32, руски јазик 18, математика 1.529, филозофија 14 и естетика 66 матурани.