Полицијата казнила 412 лица за неносење заштитна маска што претставува законска обврска за сите граѓани на државата.

– Во текот на изминатото деноноќие (27/8.08.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 412 прекршоци – соопшти МВР.

Министерството  апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид -19.