Министерот за здравство, Венко Филипче, на прес-конференција го презентираше предлог-буџетот за 2020 година. Тој истакна за здравството, во буџетот предвидени се 7,1 милијарда денари, што претставува зголемување за 634 милиони денари, во споредба со буџетот од минатата година.

– Оваа година ја почнавме со зголемување на платите на здравствените работници. Со овој тренд на зголемување на платите и подобрување на условите за работа на медицинскиот персонал продолжуваме и во 2020 година. Во изминативе две години, вкупното зголемување на платите за докторите специјалисти е 40 проценти. 20 отсто на медицинските сестри, а 23 проценти на медицинските сестри во Клиниките. 20 отсто повисоки плати имаат и лекарите специјалисти од наставниот кадар, 25 отсто општите лекари и 15 проценти за сите здравствени соработници – рече министерот.

Тој спомена и дека в година завршуваат градежните активности на реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Продолжуваат градежните активности во општата болница во Струмица, како и реконструкција и доградба на специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.