Премиерот Зоран Заев на денешната седница за пратенички прашања рече дека легализацијата на марихуаната нема да значи привилегија само за богатите.

– Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да му се овозможи на секој граѓанин, на пример, од две до три стебла под контрола на агенцијата што е предвидена во самиот закон, за сопствена потреба да може да ги користи или, пак, може да ги делегира на компанија што ќе ги одгледува за него, како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично – порача премиерот.

Тој нагласи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.