Агенцијата за вработување информира дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.

До Агенцијата за вработување се обратиле странки кои кажале дека ги контактирало непознато лице од непознат телефонски број, кое им барало извесна сума (процент од грантот), со ветување дека со сигурност ќе им бидат доделени финасиските средства.

– Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) се оградуваат од овие постапки и ги охрабруваат странките за вакви и слични случаи веднаш да ја известат Агенцијата за вработување – се наведува во соопштението.

Од АВРМ велат дека случајот е пријавен пред надлежните органи.