Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17, а максималната од 22 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Наредните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд и грмежи. Преодно стабилизирање на времето се очекува в сабота.