Граѓаните бараат спас за Преспанското Езеро преку онлајн-петиција, која до објавувањето на веста имаше повеќе од 1.200 потписници.
Повод за петицијата со назив „Да го спасиме Преспанското Езеро од пресушување“ претставува катастрофалната состојба во која се наоѓа езерото поради намалувањето на нивото на водата, како што наведува Мартина Петковска која ја покрена петицијата.
– Да ја потпишеме оваа петиција за да ги потсетиме оние што одлучуваат во Министерството за животна средина и просторно планирање да не го заборават Преспанското Езеро и да направиме напор да го спасиме од исчезнување – пишува во петицијата.
Граѓаните кои сакаат да ја поддржат петицијата, можат тоа да го сторат преку следниот линк.