Фото: Игор Бансколиев

За целосно отворање на границите, односно за слободен проток на граѓани без тестови и изолација, ќе се разговара претстојниот викенд, како што најави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за ТВ 21.

Според Филипче, карантинот го губи смисолот со отворањето на границите во целиот регион, бидејќи на тој начин веќе ќе има слободен проток на граѓани и на возила.

Конечната одлука за отворањето на границите би можела да биде донесена на почетокот на следната недела.