Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук објави дека од компликации од коронавирус починал 53-годишниот лекар д-р Сенат Грбовиќ.

Со години работел како лекар во Брзата помош во Здравствениот дом во Скопје, а од почетокот на годинава почнал со работа во приватна лабораторија.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари на Фејсбук искажаа сочуство:

„Уште една загуба на лекар во оваа пандемија. Сочувство до фамилијата на др. Сенат“, напишаа на објавата.