Фото: Зоран Антоски

По двата претходни дена кога во Кичево двајца негови жители заразени од коронавирусот ја загубија битката со опасната болест, денес состојбата е подобрена. Нема новозаболени ниту починати, а тројца се излекувани. Тоа е актуелната слика на Кичево, каде после подолг период, бројката на активни случаи се спушти на 70, што е најниска бројка после подолг период.

– Денешниот биланс во нашиот град е поволен, бидејќи не се регистрирани новозаболени од ковид-19, а истовремено бележиме и три излекувани лица, без ниту еден починат, додека бројот на активни случаи се спушти на само 70 и очекуваме деновиве да биде уште помал. И покрај подобрената слика, не смееме да се опуштиме, мобилноста секогаш треба да биде на највисоко ниво, да се почитуваат протоколите и сите да се однесуваме крајно одговорно и дисциплинирано – апелираат од Општинскиот Кризен штаб. З.А.