Во Македонија расте бројот на заразени со коронавирус, откако во текот на вчерашниот ден беа регистирани 164 нови случаи, што е прв забележан трицифрен број на заразени уште од средината на мај. Најголем дел од новите случаи се регистирани во Тетово – 60, а потоа следуваат Скопје со 34, Гостивар со 21 и Куманово и Битола со по осум новозаразени. Беа пријавени и три смртни случаи.

Бројот на активни случаи во државата изнесува 770, додека неколку општини се без активни случаи на ковид-19. Станува збор за Дојран, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, Демир Капија, Демир Хисар, Крушево, Богданци, Пробиштип, Виница, Крива Паланка, Ресен и Неготино.

Од почетокот на епидемијата во Македонија се направени вкупно 994.490 тестирања, а вкупниот број на заразени изнесува 156.707. Бројот на оздравени пациенти е 150.440, а на починати е 5.497.

Здравствените власти и понатаму апелираат да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и граѓаните да се вакцинираат.