Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има регистрирани три нови случаи на коронавирус, а осум лица оздравеле од заразната болест.
Бројот на активни случаи изнесува 46, од кои 32 се наоѓаат на домашно, а 14 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓа 45 лица.
Вкупниот број на заразени од ковид-19 од почетокот на пандемијата
изнесува 336. Ка.М.