И покрај стравувањата дека околу Нова година бројот на новозаболени од ковид-19 во Кичево може да се зголеми, сепак бројките кои се бележат деновиве, не ги потврдуваат најавените очекувања, бидејќи во Кичево бројот на новозаболени е во благ пораст, како и бројот на оздравени.
Бидејќи кон средината на декември бројот на оздравени лица во неколку наврати беше исклучително висок, тоа придонесе бројот на активни случаи да се сведе на само 209 лица, додека вкупниот број инфицирани од ковид-19 од почетокот на пандемијата да стигне до бројката од 1.590 лица.
– Бројот на новозаболени од ковид 19 во нашата општина е задоволителен, бидејќи ги немаме бројките од пред месец и половина, кога бројот на новозаболени рушеше рекорди, што денес не е случај. Бројот од 12 новозаболени и 5 оздравени лица е добра најава за престојниот период. Носењето на заштитни маски и на отворено, раното затворање на локалите и намаленото групирање на луѓето, секако ќе дадат придонес и во наредните денови да очекуваме слични бројки. Во изминатото деноноќите едно лице на 86 годишна возраст ја загуби битката со коронавирусот во болнички услови. Во моментов на оделот за ковид се лекуваат 10 пациенти. Но радува забрзаната подготовка на модуларниот ковид центар, каде ќе можат да се сместат околу 50 пацинти. Работите течат со забрзана динамика и до крајот на месецов, новиот објект ќе ги прими првите пациенти. – информираа од Кризниот штаб. З.А.