Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се 590 случаи на ковид-19, од кои 142 се реинфекции. Оздравени се 583 пациенти, а пријавени се две починати лица. Активни се 3.564 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
Од новозаболените случаи, 261 се од Скопје, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен, Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Оздравени се 583 пациенти, од кои 241 пациент од Скопје, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1.
Пријавените починати лица се од Скопје (72г) и Охрид (82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426.