Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: направени се 1.602 тестови, а регистрирани се нови 855 случаи на ковид-19: Скопје – 347, Битола – 77, Куманово – 55, Тетово – 45, Прилеп – 43, Кавадарци – 38, Велес, Охрид и Штип – по 26, Струмица – 25, Кичево – 22, Гостивар – 17, Свети Николе – 14, Кратово – 11, Кочани – 10, Гевгелија – 9, Неготино – 8, Крива Паланка и Демир Хисар – по 7, Ресен, Радовиш , Берово и Валандово – по 6, Струга – 5, Дебар и Виница – по 3, Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2, Демир Капија – 1.
Од вкупниот број на позитивни (855), регистрирани се 189 реинфекции.
Регистрирани сe 683 оздравени пациенти од: Скопје – 341, Кавадарци – 45, Куманово – 41, Тетово – 34, Велес – 33, Прилеп – 27, Битола – 23, Неготино – 21, Струмица – 15, Гевгелија – 14, Гостивар – 13, Ресен – 12, Кичево – 11, Свети Николе и Крива Паланка – по 9, Кочани – 8, Охрид , Берово и Валандово – по 5, Кратово – 4, Демир Хисар – 3, Крушево – 2, Дебар, Богданци и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирани се две починати лица – по едно од Битола (85г) и од Кочани (71г). Двете лица се починати во болнички услови, лицата за починати се пријавени во период од 22 до 27 јули
Досега во земјата се направени вкупно 2.116.007 тестирања на ковид-19.Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 327.009, бројот на оздравени пациенти е 312.443, на починати е 9.370, а бројот на активни случаи изнесува 5.196