Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа, направени се 2.787 тестови, од кои се регистрирани 232 нови случаи на ковид-19: Скопје – 139, Битола – 19, Кавадарци – 14, Охрид – 10, Прилеп – 8, Кичево – 5, Гостивар и Неготино – по 4, Куманово, Тетово и Кочани – по 3, Велес, Струмица, Штип, Струга, Радовиш, Делчево и Дебар – по 2, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Валандово, Виница и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (232), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистриран e 221 оздравен пациент од: Скопје – 140, Битола – 19, Прилеп – 11, Кавадарци – 10, Куманово – 8, Велес – 5, Охрид и Струмица – по 4, Кратово – 3, Кичево, Струга , Крива Паланка и Богданци – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Гевгелија, Неготино, Ресен, Радовиш, Дебар и Валандово – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа,  се регистрирани 3 починати лица  од: Скопје (59г, 65г и 95г) , сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од: Скопје (2) и Прилеп (1), на возраст од 74 години до 91 години. Од пријавените починати лица, 2 лица се починати во домашни услови, а 1 лице во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 14.03.2022 год.  до 23.03.2022 год. Кај сите починати лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.951.621 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.878, бројот на оздравени пациенти е 293.700, на починати е 9.203, а бројот на активни случаи изнесува 1.975.