Фото: З.А.

Од вчера Младинската организација на турците од Кичево во центарот на градот организира хуманитарна акција за собирање секаква вид помош за настраданите во катастрофален земјотрес во Република Турција. Тие за оваа намена во центарот на Кичево поставија шатор, каде можат хуманите граѓани да ја достават својата помош. Oдзивот на граѓаните на Кичево е повеќе од задоволителен, потврдија организаторите.

-Во двата дена нашите сограѓани ја потврдија својата хуманост и како што можете да видите упатија помош во облека, ќебиња, храна и се што може да им биде од корист на жителите од овој регион. Хуманитарната акција ќе продолжи и во текот на утрешниот ден кога собраната помош ќе биде упатена во Скопје од каде со организиран превоз ќе се достави до Република Турција – нагласија од Младинската организација и посочија дека и преку телефонски броеви граѓаните можат да донираат парични средства.

З.А.