Турција се „затвора“ од утре до 17 мај, односно ќе биде во делумен карантин.
Нема да работат повеќето бизниси, а ќе работат само супермаркетите и аптеките, со исклучок во недела кога нема ништо да работи.
За патувања меѓу градовите ќе бидат издавани посебни дозволи, а училиштата ќе функцинираат само онлајн. Затворени ќе бидат сите угостителски објекти. Туристи ќе можат да патуваат во земјата. Турција од почетокот на пандемијата има 38.000 починати и 4,6 милиони ковид-случаи.
Во ноември лани, Турција воведе втор сет на ограничувачки мерки, а во средината на февруари бројот на дневни случаи падна на околу 6.000. Но, штом владата почна да ги олеснува мерките во март, нов бран ја зафати Турција.
Досега над 22 милиони луѓе се вакцинирани. Турција има околу 82 милиони жители.