Лажните вести за коронавирусот објавени на социјалните мрежи со негова слика, го довеле Јуде Инуенобе до состојба во која размислувал да си го одземе животот, објавува Би-би-си. Објавата во која се тврди дека таксистот возел пациентот заразен со коронавирус и му барал пари да не се шири болеста предизвикала бес кај Нигеријците.

Приказната за таксистот Инуенобе, лажно обвинет за изнудување пари била објавена на социјалните мрежи во деновите откако бил регистриран првиот позитивен случај на заразен од коронавирусот во Нигерија. По што сите социјални мрежи ја споделиле.

Приказната беше лажна, но влијанието врз Јуда Икунобе, човекот чија фотографија била користена во објавата, беше многу реално. Тој веќе не се чувствува безбедно да излегува сам и добива смртни закани.

Неговата приказна е само еден пример за бројните дезинформации кои се прошириле низ Нигерија од појавата на коронавирусот.