Холандија ќе ги укине речиси сите ограничувања против ковид-19 до 25 февруари и ќе се врати во нормален живот бидејќи се намалува бројот на инфицирани и хоспитализирани лица, изјави денеска холандскиот министер за здравство, Ернст Куиперс.
Тој наведе дека „државата повторно ќе се отвори“.
– Ќе се вратиме на нормалното време што го имавме пред короната. Не мора повеќе да држите дистанца од 1,5 метри – посочи Куиперс.