Вакцината на „Фајзер“ против сојот омикрон ќе биде готова во март, а компанијата веќе почнала да произведува дози, откри извршниот директор на американската фармацевтска компанија Алберт Бурла за „Си-ен-би-си“.

Тој рече дека новата верзија на вакцината ќе ги цели и другите видови на вирусот што циркулираат.

Сепак, Бурла нагласи дека се уште не е јасно дали вакцината против омикрон ќе биде потребна и како ќе се користи, но „Фајзер“ сигурно ќе има готови залихи, бидејќи, според него, има влади кои сакаат да купат дози што е можно побрзо.

Претходно, извршниот директор на „Модерна“, Стефан Бансел изјави дека компанијата подготвува вакцина против омикрон.