Докторот Марко Кавалери од Европската агенција за лекови (ЕМА) изјави дека постои загриженост околу тенденцијата за аплицирање бустер дози секои четири месеци.
Кавалери ова го изјави во одговор на новинарско прашање на денешната прес конференција на ЕМА.
Докторот објасни дека доколку стратегијата е да се аплицираат бустер дози секои четири месеци ризикот е притисокот да биде преголем врз имунолошкиот систем на луѓето.
– Ова може на крајот да не биде толку добро како што треба да биде и треба да бидеме внимателни да не го натовариме имунолошкиот систем – рече Кавалери.
Тој додаде и дека стратегијата со чести бустери може да има негативни последици врз поддршката на граѓаните за вакцинацијата.
– Време е да почнеме да размислуваме за пооддалечени бустер дози и идеално е сценарио на ендемичност, би требало да се синхронизира со почетокот на сезоната на настинки како што е случај со вакцината против грипот – додаде докторот.