Американскиот и францускиот претседател, Доналд Трамп и Емануел Макрон во телефонски разговор се согласија дека е неопходна реформа на Светска здравствена организација, изјави портпаролот на Бела куќа, Џуд Дир.

Тој на Твитер напиша дека двајцата лидери разговарале за „позитивниот развој на настаните во борбата против пандемијата со коронавирусот и напредокот кон повторно отворање на светската економија“.

Трамп претходно го стопира финансирањето на СЗО, обвинувајќи ја дека не управува добро со пандемијата и ги промовира „кинеските дезинформации“ за коронавирусот.