Се подготвува уште една бура, предупреди Светската здравствена организација (СЗО) во поглед на ширењето на сојот омикрон низ Европа.

Новата варијанта на коронавирусот беше откриена во барем 38 од 53-те земји-членки на европскиот регион на СЗО, откако беше идентификувана пред помалку од четири недели, како што посочи регионалниот директор на ОН Ханс Клуге во Виена, додавајќи дека остануваат неодговорени многу прашања за омикрон.

Новиот сој станал доминантен во Данска, Португалија и во Велика Британија, со што се очекува тоа да се случи во уште европски држави во наредните неколку недели.