Итно и многу внимателно треба да го испитаме необјаснетиот синдром на воспаленија којшто ги напаѓа децата – изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој ги повика лекарите ширум светот да соработуваат со националните власти и Светската здравствена организација и да бидат будни и подобро да го испитаат овој синдром што се јавува кај децата.

Стотици случаи на редок синдром се пријавени во САД и во Европа, а досега има и неколку смртни случаи.

Деветгодишно момче починало од редок синдром кој веројатно е поврзан со коронавирус, изјави денеска за Си-ен-ен портпаролот на болницата „Тимон Марсеј“. Си-ен-ен исто така објави дека 135 деца се разболеле од овој синдром.

Се проценува дека помеѓу 75 и 100 деца во Велика Британија имаат ретка и опасна болест поврзана со ковид-19.