Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус реагира откако десетици земји, ја сопреа вакцинацијата против коронавирус со вакцината „Астра зенека“.

Тој изјави дека не постои јасна и недвосмислена врска помеѓу компликациите околу згутчувањето на крвта и вакцината „Астра зенека“, и дека ниту една земја не треба да паничи за тоа.

– Не сакаме луѓето да паничат – велат од СЗО.

Советничкиот одбор на СЗО треба да се состане денес за да разговара за вакцината „Астра зенека“, која беше привремено суспендирана од Германија, Франција, Италија, Шпанија, Словенија, Португалија, Кипар и други земји.

– Ова не мора да значи дека овие настани се поврзани со вакцината против Ковид 19, но вообичаена практика е да се испитаат наводите. Тоа покажува дека системот за надзор функционира и оти има ефективни контроли – рече Тедрос.