Кина донесе одлука да заклучи град со 11 милиони жители во провинцијата Хубеј со цел да се запре ширењето на инфекцијата со коронавирус по неколкумесечно стивнување на епидемијата. Граѓаните на Шиџијажуанг, главниот град на провинцијата недалеку од Пекинг, сега не може да го напуштат градот, патиштата се блокирани, летовите се откажани, а железничките и автобуските станици се затворени, наведува Си-ен-ен.

Блокадата следуваше по 117 потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи 67 асимптоматски, само во средата. Уште 66 случаи беа потврдени во четвртокот.

Заклучно со 2 јануари годинава, вкупниот број на заразени лица во Хубеј достигна 304 лица, повеќето од нив во Шиџијажуанг.

Властите во градот минатата недела соопштија дека влегуваат во воен режим на борба против коронавирусот. Набргу спроведена е акција за тестирање на коронавирусот во целиот град за сите 11 милиони жители.

Покрај забраната за движење надвор од градот, овде сега има и забрана за собирање, училиштата се затворени. Одлуката стапи во сила само неколку недели пред Кинеската Нова година кога милиони луѓе патуваат да се сретнат со семејствата. Слична ситуација се случи минатата година, само два дена пред празникот, кога Вухан беше затворен.