Вкупно 823 луѓе починале од коронавирус во последните 24 часа во Велика Британија. Бројот на починати сега изнесува 17.337. Бројот на заразени лица исто така се зголеми за 4.301 и сега во Британија се пријавени 129.044 случаи на коронавирус. Тестирани се 18.206 лица за 24 часа. Британската влада има цел да тестира 100.000 луѓе на ден до крајот на април.

Министерот за здравство, Мет Хенкок, истакна дека функционира планот за забавување на ширењето на вирусот, но дека сè уште треба одредено време за да се видат вистинските резултати. Покрај тоа, тој најави дека в четворток почнува првото тестирање на луѓе на можната вакцина против коронавирусот.

– Даваме сè од себе за да создадеме вакцина. Велика Британија инвестира повеќе пари од која било друга земја за да пронајде вакцина – забележува Хенкок.

Владата ќе инвестира 20 милиони фунти за клинички испитувања на „Оксфорд“, а тестирањето ќе почне на Универзитетот „Империјал колеџ“ во Лондон.