vvakcinaАгенцијата за лекарства на Европската унија (ЕМА) денеска одобри верзии на вакцини против коронавирусот прилагодени на омикрон сортата, развиени од фармацевтските компании „BioNTech/Pfizer“ и „Moderna“.
Агенцијата појасни дека Комитетот за хумани медицински производи на ЕМА препорачал одобрување две вакцини приспособени да обезбедат поширока заштита од Ковид-19 како засилувачка доза.
Вонредната седница на Агенцијата беше свикана за да се донесе одлука пред почетокот на есенските кампањи за вакцинација.
-Овие вакцини се адаптирани верзии на оригиналните вакцини Comirnaty (Pfizer/BioNTech) и Spikevax (Moderna) за да ја таргетираат подваријантата Omicron BA.1 како додаток на оригиналниот вид коронавирус – се објаснува во соопштението на ЕМА.
Според проценката на Агенцијата, односните вакцини може да предизвикаат силни имунолошки реакции против „Omicron BA.1“ и оригиналниот вид на „SARS-CoV-2“ кај луѓето кои претходно биле вакцинирани.
Во јуни EMA започна со преглед на адаптираните акции на „Moderna“ и „BioNTech/Pfizer“.
Сепак, тие вакцини се развиени за заштита од постарата подваријанта на омикрон, а не од соевите „BA.4“ и „B.5“ што брзо се шират, а се одговорни за повеќето инфекции со коронавирус во Европа во моментот.
ЕМА моментално собира информации од клиничките испитувања за друга вакцина „BioNTech/Pfizer“ прилагодена на подваријантите „BA.4“ и „B.5“.